.png)
Преводи од македонски на српски и од српски на македонски
Lege artis, обрт за преведување и јазични услуги обезбедува професионални услуги за превод на различни видови текстови од македонски на српски и од српски на македонски. Нашиот тим на преведувачи за овие јазични комбинации врши превод на правна, техничка и медицинска документација и други видови пишани, аудио, видео и онлајн материјали.
Кај нас можете да добиете комплетна услуга за превод: превод на различни видови текстови од македонски на српски и од српски на македонски јазик, правна, научна и техничка ревизија, лектура и печатарска коректура на преведените материјали. Соработуваме со високообразовани стручњаци, професионални преведувачи, изворни говорители на целните јазици и со експерти во соодветните области за да Ви обезбедиме услуги со врвен квалитет.
Главната преведувачка за јазичната комбинација српски-македонски е изворна говорителка на македонски јазик со универзитетско образование и повеќегодишно искуство во писмен и устен превод.
Главната преведувачка за јазичната комбинација македонски-српски има завршено магистерски студии за јужнословенски јазици и книжевност (македонски, бугарски) и е изворна говорителка на српскиот јазик, со повеќегодишно искуство во писмен и устен превод.