.png)
Преводи од македонски на хрватски и од хрватски на македонски
Lege artis, обрт за преведување и интелектуални услуги обезбедува професионални услуги за превод на различни видови текстови од македонски на хрватски и од хрватски на македонски. Нашиот тим на преведувачи за овие јазични комбинации врши превод на правна, техничка и медицинска документација и други видови пишани, аудио, видео и онлајн материјали.
Кај нас можете да добиете комплетна услуга за превод: превод на различни видови текстови од македонски на хрватски и од хрватски на македонски јазик, правна, научна и техничка ревизија, лектура и печатарска коректура на преведените материјали. Соработуваме со високообразовани стручњаци, професионални преведувачи, изворни говорители на целните јазици и со експерти во соодветните области за да Ви обезбедиме услуги со врвен квалитет.
Главната преведувачка за јазичната комбинација хрватски-македонски е изворна говорителка на македонски јазик со универзитетско образование и повеќегодишно искуство во писмен и устен превод.
Главната преведувачка за јазичната комбинација македонски-хрватски има завршено магистерски студии за јужнословенски јазици и книжевност (македонски, бугарски) и е изворна говорителка на хрватскиот јазик, со повеќегодишно искуство во писмен и устен превод.
Дали сте знаеле дека:
-
Хрватскиот јазик е словенски јазик, кој припаѓа на подгрупата на јужнословенските јазици (заедно со словенечкиот, српскиот, босанскиот, црногорскиот, македонскиот и бугарскиот јазик).
-
Хрватскиот јазик е официјален јазик на Република Хрватска и еден од трите официјални јазици на Босна и Херцеговина; исто така е еден од 24-те официјални јазици на Европската унија.
-
Хрватскиот јазик е единствениот јужнословенски јазик со три наречја - кајкавски, чакавски и штокавски.
-
Башчанска плоча (Звонимирова плоча, Кралска плоча), еден од најстарите зачувани споменици на раната хрватска писменост, датира од 11 век. Секое проучување на историјата на хрватскиот јазик и хрватската книжевност започнува со нејзиниот текст во кој (во третиот ред) се споменува хрватското национално име во синтагмата „Звонимир, хрватскиот крал“ (Zъvъnimirъ kralъ hrъvatsky) за првпат на хрватски (хрватскостарословенски) јазик.